еМагазин
Image default
Македонија

Кои се новите 19 државни правобранители

На предлог на Комисијата за именување, Владата на синоќешната 19-тата седница согласно добиеното позитивно мислење од Државниот правобранител именува 19 државни правобранители.

Како што соопшти владината прес-служба за државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Скопје именувни се Лепосава Веноска, Кристина Грозданоска, Елена Саздовска, Земиле Кодра и Недим Исмани, за подрачјето на Куманово, Драган Јовановски и Бесим Весели, за подрачјето на Охрид, Агрон Речи, а за подрачјето на Струмица, Татјана Донкова.

За државен правобранител за подрачјето на Гевгелија именувана е Мирослава Панарова, за подрачјето на Велес, Валерија Николова, за подрачјето на Штип, Билјана Симонова-Тасева, за подрачјето на Кавадарци, Сузана Костова-Коцева, за подрачјето на Битола, Ѓоко Талевски, за подрачјето на Прилеп именуван е Киро Северкоски, а за подрачјето на Кочани, Олгица Јанева.

Владата на седницата за државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Тетово го именуваше Фетуш Алили, за подрачјето на Гостивар, Илбер Јусуфи, а за подрачјето на Струга, Катерина Талевска-Скепароска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градинките ќе започнат со работа на почетокот на јуни

Редакција

Протестна нота од бугарското МНР за оштетен споменик во прилепско

Редакција

Сведок од УБК на судењето за „Таргет-Тврдина“: Мијалков и Грујевски имаа компјутери поврзани со системот за прислушување

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница