еМагазин
Image default
Македонија

Кои се новите членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Нови членови на Извршниот комитет се аналитичарот и долгогодишен граѓански активист, Сашо Клековски, поранешната вицегувернерка на Народна банка, Маја Кадиевска-Војновиќ, Ристо Симеонов, специјалист по детска хирургија, доктор кој ја изврши првата трансплатација на бубрег кај дете во земјава. Тој е и претседател на Здружението на детски хирурзи на Македонија и член на европско и светско Здружение на детски хирурзи, информираше лидерот Христијан Мицкоски по завршувањето на Централниот комитет на партијата.

Во составот на Извршниот комитет се и доктор Мевмет Џафери од Маврово Ростуше, пратениците Ели Панова од Струмица и Миле Лефков од Кочани, Луке Галески, актуелен советник на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Нови членови се и актерот Зоран Љутков од Велес, кој е и претседател на Советот на општина Велес и актуелната портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Мицкоски соопшти дека членови на Извршниот комитет остануваат да бидат и досегашните пратениците со политичко искуство Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, Драган Ковачки, Рашела Мизрахи, докторот Олга Лозановска од Битола.

Во Извршиот комитет останува и професорот Трајко Славески, кој е и претседател на Советот на град Скопје, Влатко Ѓорчев, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и Марија Андоновска, која е и координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

По функција членови на највисокото извршно тело се и претседателот на УМС, Сергеј Попов, претседателката на УЖ, Жаклина Пешевска и првиот човек на Унијата на ветерани, Мане Јаковлевски и кординаторот на пратеничката група, Никола Мицески.

Нов секретар за меѓнародна соработка е Стефан Андоновски, кој е и актуеен советник во Град Скопје.

-Потребата од намалување на бројот на пратеници од 120 на 90, заштедување на парите на граѓаните, пофункционален парламент и функционална демократија за една изборна единица, со праг кој заеднички ќе го договориме.

Содржината на разговорите за спорот со Бугарија, заштита на државните интереси, како и пред се, како да му помогнеме на народот кој тоне во сиромаштија, ова се актуелните предизвици, посочи Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски и Димитриеска-Кочоска се нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ бара бројот на пратеници од 120 да се намали на 90

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промена на старосната структура: Најголем дел од новозаболените со Ковид-19 се на возраст од 40–49 години

Редакција

Убава вест: Оздравени 314 пациенти болни од Ковид-19, во Скопје 135

Редакција

Тие што прележале Ковид-19 може да се вакцинираат со една доза

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница