еМагазин
Image default
Македонија

Кои се новите членови на Советот на јавните обвинители

Комисијата за спроведување на избори за членови на Советот од редот на јавните обвинители ги објави резултатите по извршениот избор од страна на јавните обвинители во Македонија, по огласот објавен во Службен весник на РСМ бр.128/20 од 18.05.2020 година, од подрачјето на ВЈО Битола, ВЈО Гостивар, ВЈО Скопје, како и од посебната листа на кандидати на јавните обвинители припадници на сите заедници кои не се мнозинство во Македонија за целата територија на Републиката, со изборни места како за општата листа.

-За член на Советот од подрачјето на ВЈО Битола е избран Антонио Јолевски – јавен обвинител во ОЈО Битола, за член на Советот од подрачјето на ВЈО Гостивар е избран Фаик Арслани – јавен обвинител во ВЈО Гостивар, за член на Советот од подрачјето на ВЈО Скопје е избрана Фиданка Рајевска – јавен обвинител во ВЈО Скопје, за член на Советот од посебната листа на кандидати јавни обвинители кои не се мнозинство во Република Северна Македонија за целата територија на Република Македонија е избран Коле Штерјев – јавен обвинител во ВЈО Скопје, се наведува во соопштението од Советот на јавните обвинители. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

624 казни за неносење маска

Редакција

За што разговараат Боки 13 и Камчев на аудио снимката што ја објави италијанскиот весник

Редакција

Нови 1.511 случаи со Ковид-19 од 4.445 тестирања, а бројот на активни случаи изнесува 19.262

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница