еМагазин
Image default
Македонија

Кои се новите обвинители во ОЈО Гостивар, Скопје и во Струга

Советот на јавни обвинители на денешната 87. седница со по девет гласа „за“ ги избра Зура Селими, Александра Дамјановска – Николоска, Игор Димитровски и Валнеса Бизаки-Дилали, за јавни обвинители во основните јавни обвинителства (ОЈО) во Гостивар, во Скопје и во Струга.

Сите кандидати ја имаат успешно завршено обуката на Академијата за судии и јавни обвинители и почнуваат со работа од 1. ноември годинава.

Во ОЈО Скопје избран е еден јавен обвинител, во ОЈО Гостивар два и во ОЈО Струга еден јавен обвинител.

На огласот за јавно обвинители во ОЈО Гостивар и ОЈО Скопје биле пријавени двајца кандидати, како и во ОЈО Струга, двајца кандидати.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Внукот на Ахмети, Фатмир Лимани се приклучи кон Движењето Беса

Редакција

По две години во бегство: Полицијата го приведе убиецот на Мартин Јанушев

Редакција

Убава вест: 433 оздравени од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница