еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кои се новите правила за влез на македонските граѓани во Белгија

Министерство за надворешни работи (МНР) информира дека белгиската Влада воведува карантин за невакцинираните патници кои во Белгија ќе влегуваат од црвените зони меѓу кои е и Македонија.

„Поради зголемениот број на нови Ковид-19 пациенти во болниците во регионот на главниот град и пошироко во Белгија, веќе од утре (петок, 17 септември) ќе се воведат построги правила на карантин за патниците кои пристигнуваат од црвената зона.

Оние кои не се целосно вакцинирани (две дози во соодветен временски интервал) или немаат сертификат за прележана болест, по пристигнувањето во Белгија од црвената зона, мора да поминат 10 дневен период на карантин.

Карантинот може да се скрати ако резултатот од дополнителниот тестот на седмиот ден е негативен,“ се вели во соопштението на МНР.

Повеќе информации за рестриктивните мерки за сите држави можете да најдете на веб страната на МНР, на следниот линк www.mfa.gov.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се новите правила за влез на македонските граѓани во Австрија

Кои се новите правила за влез на македонските граѓани во Швајцарија

Фото: Photo by Polly on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Босанската ТТ Кабели најавува влез во Македонија, ќе отвори фабрика во Неготино

Редакција

Доаѓа студен бран со врнежи од снег

Редакција

Едниот внук на Ахмети станал дипломат, другиот го купува бизнис центарот „Соравиа„, објави Телма

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница