еМагазин
Image default
Бизнис

Кои се општините кои склучиле најголем број на јавни набавки и колку тоа ги чинело граѓаните

Вкупната вредност на јавните набавки на општините во Македонија лани изнесувале 80 милиони евра, а биле реализирани 2.737 јавни набавки, покажува базата на податоци со сите набавки на општините во 2017 година, изработена од страна на Центарот за граѓански комуникации. Трошоците за јавни набавки по жител изнесуваат 2.401 денари.

Општина која склучила најмногу јавни набавки е Град Скопје со 153, а најмалку Градско со три набавки.

Вкупната вредност на јавните набавки на Град Скопје изнесувала околу 10 милиони евра и тие учествуваат со 8,58 проценти удел во општинскиот буџет. Трошоците за јавни набавки по жител во Скопје чинеле 1.179 денари.

Најголем дел од типот на јавни набавки се за стоки, услуги и работи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со Марковски компани вреден 1,1 милион евра

Редакција

Индустриското производство во декември лани намалено за 5,8%

Редакција

Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денар за литар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница