еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кои се старо-новите членови на Управниот одбор на Алкалоид

Поради истекот на мандатот на членовите на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Надзорниот одбор донесе одлука за избор на членови на Управниот одбор, информираат од компанијата преку Македонската берза.

За членови на Управниот одбор на Алкалоид повторно се избрани Живко Мукаетов, Милкица Глигорова, Ѓорѓи Јованов, Ќире Ицев и Виктор Стојчевски.

Членовите на Управниот одбор се избрани за период од шест години сметано од 21.11.2022 година, а Живко Мукаетов, останува претседател на Управниот одбор.

-Во текот на последниот мандат на членовите на Управниот одбор во период од шест години, вкупните консолидирани продажби на компанијата пораснаа за 80 милиони евра – од 127,6 милиони евра во 2015 година достигнаа 207,6 милиони евра во 2021 година.

Инвестициите во основни средства во истиот период надминаа 105 милиони евра.

Нето-добивката порасна речиси двојно – од 10,8 милиони евра во 2015 година, во 2021 година достигна 21,2 милиони евра, т. е. остварен е просечен годишен раст од 12 %.

Горенаведените резултати овозможија континуиран раст на повратот на инвестицијата за акционерите, во форма на дивиденда.

Во периодот од 2015 до 2021 година дивидендата имаше просечен пораст од 12 % годишно, односно од 207 денари нетодивиденда од акција во 2015 година, во 2021 година достигна 396 денари, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Живко Мукаетов купи акции во Алкалоид

Цената на акцијата на Алкалоид за девет месеци порасна за 14,8%

За девет месеци во Алкалоид инвестиции од 841,9 милиони денари и 161 нови вработувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синдикат: Не сме консултирани за одлагањето на решението со кое недела ќе биде неработен ден

Редакција

Херојот Јован Костадинов е во добра здравствена состојба, наскоро ќе излезе од болница

Редакција

„Нова стоковна куќа“ ја зголеми добивката

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница