еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои се судиите кои ја пуштија Јанева во домашен притвор

Одлуката на Апелациониот суд поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева да биде пуштена во домашен притвор предизвика лавина од реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

На истата остро регираше и шефицата на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, која денеска стана топ тема откако беше објавена СМС пораката која ја испратила до еден од судиите кои ја донеле одлуката, а истата наиде на осуда од Апелациониот суд и Судскиот совет.

Денеска се дознаа и имињата на тројцата судии од Апелациониот суд, кои ја донеле одлуката за излегување на Јанева од затворот Скопје во Шуто Оризари.

Станува збор за судиите Јани Нича, Сафет Кадрии и Зоран Димитриевски.

Вчера Рускоска најави финансиска истрага за нив.

Јанева е обвинета за случајот “Рекет“. Судењето стартува на 3. декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судскиот совет со осуда за однесувањето на Рускоска

Обвинителство: Реакцијата на Рускоска со „гаќите“ е израз на моментално разочарување

Рускоска најави финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во домашен притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Алкалоид“ со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

Редакција

Ако не можеме да ги отвориме вратите заради македонскиот јазик, во ред, нема да ги отвориме, вели Димитров

Редакција

Рашковски бара судот да му го врати пасошот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница