еМагазин
Image default
Македонија

Кои високи преставници му се закануваат на Боки 13?

Секое појавување на Бојан Јовановски – Боки 13, првообвинетиот во случајот “Рекет“, но и во “Рекет 2“ на суд кај јавноста отвара нови и нови дилеми.

Па така вчера на судењето за “Рекет“, тој рече дека се чувствува како политички затвореник, но и дека постојано добива закани, дури и за физичка ликвидација.

И неговиот адвокат Сашо Дуковски изјави дека преку посредници до неговиот клиент пристигнуваат притисоци и закани.

Тој рече дека заканите биле порачани од високи претставници во државава, но не кажа дали се тоа политичари.

„Секојдневно има закани и притисоци од надворешни лица. Не е херметички затворен затворот ‘Скопје’. Тој најдобро знае од каде доаѓаат. Доаѓаат преку посредници. Не можеме да кажеме дали се политичари. Високи претставници се”, изјави Дуковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Какви доверливи информации има Боки 13?

Обвинение за случајот „Меѓународен сојуз„: Боки 13 обвинет за измама, Ременски дека му помагала во измама

Боки 13 најавува штрајк со глад: Се чувствувам како политички затвореник

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Учениците ќе се тестираат со брзи антигенски тестови, бидејќи се асимптоматски носители на вирусот, најави Филипче

Редакција

Убава вест: Оздравени 126 заразени од Ковид-19, најголем број од Скопје и Куманово

Редакција

Хрватскиот претседател Милановиќ и возврати на Бугарија: Доста ја „шутиравте“ Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница