еМагазин
Image default
Бизнис

Колкави биле трошоците на ТВ 24, Наша, ТВ 21, Шења, Клан и ТВ Сонце лани

Во 2020 година, на државно ниво преку неограничен ресурс програма емитуваа вкупно шест телевизии, и тоа две преку сателит (24 Вести и Наша ТВ) и четири преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс (Компани 21-М, Шења, Клан и Сонце).

Овие телевизии лани најголем дел од средствата ги потрошиле за плати и други надоместоци на вработените – вкупно 88,25 милиони денари, од кои 73,77 милиони денари за лицата директно поврзани со производство на програма, покажува Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

-24 Вести за плати и други надоместоци за вработените потрошила 39,89 милиони денари, Компани 21-М 21,11 милиони денари, а Клан 14,82 милиони денари.

Телевизија Шења за овој вид трошок издвоила 7,05 милиони денари, а Сонце 4,37 милиони денари.

Забележително помалку средства од останатите телевизии потрошила Наша ТВ (само 1,01 милион денари).

За набавка на програма овие телевизии заеднички потрошиле 13,69 милиони денари. Речиси половина од овој износ (6,99 милиони денари) се трошоците на 24 Вести.

Позначајни суми издвоиле Компани 21-М (2,22 милиони денари), Клан (1,88 милиони денари) и Сонце (1,74 милиони денари). Наша ТВ во 2020 година воопшто не издвоила средства за набавка на програма, стои во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

24 Вести, Наша ТВ, Сонце, Шења, Клан и ТВ 21 лани работеле со загуба

Колкави приходи имале лани ТВ 24, Наша ТВ, Шења, Клан, Сонце и ТВ 21

Сител, Канал 5, Телма и Алфа лани оствариле загуба, Алсат-М работела со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инвестиција од 1 милион евра: Почна изградбата на нова сончева централа кај светиниколското село Горубинци

Редакција

На продажба административната зграда на скопски Бетон

Редакција

Cevahir Business Center: Подалеку од метежот а во урбана средина, деловен простор дизајниран според потребите на модерниот вработен човек

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница