еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колкави трошоци имале лани ТВ 24, Наша, Сонце, Шења, Клан и ТВ 21

Пазарот на телевизии на државно ниво преку неограничен ресурс го сочинуваат шест телевизии – 24 Вести и Наша ТВ кои емитуваат преку сателит и телевизиите Компани 21-М, Шења, Клан и Сонце кои емитуваат преку јавна електронска комуникациска мрежа.

Заедничките трошоци на овие телевизии лани изнесувале 173,38 милиони денари. Споредено со минатата година, тие се намалиле за 8,69%, стои во Анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги.

“Најголем трошок на овие шест телевизии бил трошокот за производство на програма, кој изнесувал 92,52 милиони денари, односно 53,36% од вкупните трошоци. Овој износ го сочинуваат материјалните трошоци, нематеријалните трошоци и платите за вработени, кои се директно поврзани со производство на програмата.

Од овие видови на трошоци, најмногу средства биле потрошени за плати за вработените – 77,57 милиони денари.

За разлика од трошоците за производство на програма, трошокот за набавка на содржини бил многу мал – само 7,92 милиони денари (4,57% од вкупните трошоци), што укажува на тоа дека овие телевизии повеќе вложувале во сопствено производство, отколку во набавка на содржини“, стои во Анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТВ 21 и Шења лани со добивка, Клан, ТВ 24, Сонце и Наша во загуба

Алсат-М лани со најголема добивка, колкава е добивката на Сител, Канал5, Алфа и Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судскиот совет ги избра Анита Бошковска и Катерина Георгиевска за судијки во Врховниот суд 

Редакција

Од Ковид-19 починале 18 лица, 15 имале коморбидитети

Редакција

Каков имот пријавил пратеникот Зеќир Рамчиловиќ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница