еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Колку е моќен македонскиот пасош: Рангирање на Henley Passport

Македонскиот пасош е рангиран на 44. место според индексот на Henley Passport за 2023 година, и со него без визи може да се патува во 125 земји во светот.

Македонија бележи напредок од една позиција во однос на лани кога беше позиционирана на 45 место.

Од земјите во регионот, најдобро рангиран е грчкиот пасош на осмото место и со него може да се патува во 185 земји, словенечкиот е на 11 позиција (182 земји), следуваат бугарскиот и хрватскиот на 18. место (174), српскиот е 38 (136), а црногорскиот на 45. место (124). Пасошот на Босна и Херцеговина е на 49. место (118 земји), на Албанија на 51 (115), а на Косово е рангиран како 101 (41).

На врвот на листата на Henley Passport се јапонскиот, сингапурскиот, јужнокорејскиот, шпанскиот, германскиот, италијанскиот, како и пасошите на скандинавските земји.

На дното, пак, се патните исправи на Сирија, Ирак и Авганистан со кои без визи може да се патува во само во двесеттина земји во светот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 233 пациенти кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Можност за сигурна заработка: На берзата почнува тргување со државни обврзници вредни 881 милиони евра

Редакција

Каков имот пријавил Ивица Томовски, новиот директор на СОЗР на Владата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница