еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Комерцијална банка како агенција за недвижнини: Преземен имот вреден милиони евра

Комерцијална банката презема интензивни активности за унапредување на процесот на управување со проблематичните побарувања, поефикасна наплата и побрзо решавање на проблематичните пласмани, што ќе резултира со подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, соопшти банката во извештајот за работењето во 2019 година објавен преку Македонската берза.

„Во текот на извештајниот период преземените мерки и активности за наплата на побарувањата од комитентите правни лица со статус на проблематични кредити, резултираа со наплатени побарувања во вкупен износ од 2.016.000.000 денари (32 милиони евра), од кои: 63,2% се наплатени побарувања од билансна евиденција и 36,8% се наплатени побарувања од вонбилансна евиденција.

Од наплатените билансни и вонбилансни побарувања, 33% се со готовинска уплата, а 67% се со преземен имот“, информираат од банката.

Математиката покажува дека банката за да наплати побарувања од проблематични кредити дадени на фирми лани преземала имот вреден дваесетина милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка лани од граѓани присилно наплатила 1,8 милиони евра

Комерцијална банка лани им исплатила 2,3 милиони евра на 50 менаџери

Комерцијална банка на тројца членови на Управниот одбор лани им исплатила 876.000 евра за плати и надоместоци

„Познато друштво“ повторно во Надзорниот одбор на Комерцијална банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Колку чини една ноќ во првиот хотел на Хилтон во Македонија

Редакција

Највисоки просечни нето плати во август

Редакција

Чаир со најмногу активни случаи: Како изгледа бројот на заразени со корона вирусот по скопските општини

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница