еМагазин
Image default
Бизнис

Комерцијална, НЛБ и Шпаркасе банка од денеска ќе вршат исплати на пензиите

Комерцијална банка, НЛБ Банка и Шпаркасе банка информираа дека од денеска ќе вршат исплата на пензиите.

Пензионерите може да ја подигнат својата пензија на широката мрежа на банкомати и во филијалите и експозитурите на Комерцијална банка.

Шпаркасе банка Македонија ќе ги исплати пензиите на сите клиенти што ја примаат својата пензија од ПИОСМ, а се корисници на услугата „Пензија на 1-ви“. Пензијата може да се подигне во нивните филијали или на банкоматите во земјата.

НЛБ Банка АД Скопје информира дека подигнувањето на пензијата, пензионерите може да го извршат на широката мрежа на банкомати и експозитури на Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавноста не треба да се доведува во заблуда со објава на неточни „предвидувања“, шпекулации и невистини, велат од Државна лотарија

Редакција

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 62.818 денари убедливо на врвот

Редакција

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 63.174 денари убедливо на врвот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница