еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Комесарката Мијатовиќ бара носење на легислативата за признавање на трансродовите лица

Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ упати писмо до македонското Собрание во кое силно ги охрабрува напорите да се донесе легислатива во согласност со стандардите на Советот на Европа за законско признавање на родот на трансродовите лица.

Писмото е упатено до претседателот на Собранието, Талат Џафери, до претседателката на Комисијата за политички систем Соња Мираковска, до претседателката на Законодавно-правната комисија Снежана Калевска-Ванчева и до пратеничката-известувач за законските измени Маја Морачанин.

– Комесарката смета дека усвојувањето на претстојните измени на Законот за матична евиденција би претставувало клучен чекор во извршувањето на пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот X против Македонија од 2019 година, во која Судот утврди повреда на член 8 (право на почитување на приватниот и семејниот живот) од Европската конвенција за човекови права поради отсуство на брзи, транспарентни и достапни процедури во националното законодавството за признавање на родот.

Комесарката нагласува дека ‘извршувањето на пресудите на Судот е камен-темелник на заштитата на човековите права во регионот на Советот на Европа, се вели во соопштението на Советот на Европа.

Според комесарката Мијатовиќ, пристапот до законско признавање на родот е од клучно значење за да се спречи дискриминација и насилство врз транс луѓето.

Таа исто така ја подвлекува клучната улога на членовите на парламентот во борбата против предрасудите и нетолеранцијата против ЛГБТИ лицата и ги повика да се спротистават на притисокот од групи кои сакаат да го поткопаат целосното почитување на човековите права.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Во кои градови има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Бугарско МНР: Подготвени сме да го потпишеме Протоколот според член 12 од Договорот со Македонија

Редакција

Кривична пријава и притвор за возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа кај обиколницата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница