еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Комисија ќе утврдува зошто психијатар не ја прегледал родилката која се обиде да се самоубие

По извршениот вонреден инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), денес на барање на министерот за здравство,  Фатмир Меџити формирана е комисија за стручен надзор во врска со случајот со родилката Б.М од Скопје.

“Комисијата за стручен надзор, составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од МЗ има задача да изврши надзор над стручната работа во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во врска со лекарскиот третман на родилката.

По добивање на извештајот од стручен надзор јавноста ќе биде информирана за констатираната состојба.

Исто така, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно извештајот на ДСЗИ,” се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инспекторат утврди пропуст за родилката која се обиде да се самоубие

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за градоначалник на Кочани, четири пати именувал исто лице за в.д. директор на училиште без положен испит

Редакција

Ваучери за студентите од 250 евра за телефон, компјутер или таблет

Редакција

Во потешка состојба 45 пациенти заразени од корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница