еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Сертификатот за прележан Ковид-19 наместо 45 да трае 180 дена, предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести предлага сертификатот за прележан Ковид-19 наместо 45 да трае 180 дена, и не се размислува за негово укинување информираше портпаролот Злате Мехмедовиќ.

„Ако ги укинеме сертификатите за затворен простор ќе направиме голема трансмисија на вирусот. Во земјите каде сертификатите се укинати, како Данска и Велика Британија, вкупниот имунитет од вакцинација е многу поголем.

Во Данска е вакцинирано 85 отсто од населението, во Велика Британија 80 проценти, а кај нас двојно помалку, околу 40 отсто.

Не може да ги гледаме работите индивидуално, мора да видиме каква е епидемиолошката состојба кај нас и да носиме одлука“, рече Мехмедовиќ и додаде дека исто така не се размислува и за укинување на маските во училиштата.

Препораката на Комисијата ќе биде доставена до Влада.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преку КОВАКС механизмот ќе пристигнат 38.400 вакцини „АстраЗенека“ на 14 мај

Редакција

Минималните месечни трошоци во март 50.070 денари

Редакција

ГАК за 22-годишната почината родилка од Ковид-19: Пациентката двапати одби хоспитализација

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница