еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Компаниите кои без објективни причини не ги намалуваат цените не треба да добиваат субвенционирана струја, смета Ковачевски

Сметам дека за компаниите кои не го почитуваат џентлеменскиот договор меѓу Владата и стопанските комори за намалување на цените на нивните производи, не треба да важи мерката за набавка на електрична енергија по субвенционирана цена, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Доколку нема објективни причини за тоа да не бидат намалени цените и покрај субвенционираната цена на електрична енергија, тогаш нормално дека нема да добиваат субвенционирана цена на електрична енергија, бидејќи таа електрична енергија ја субвенционираат граѓаните на државата.

И тоа се средства на граѓаните за да може да се намалат цените на производите, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

Тој потсети дека Владата во интерес на граѓаните одреди субвенционирана цена на електрична енергија за компаниите и во време кога таа чинеше 300-350 евра за мегават час, државата одлучи да им ја понуди по 80 евра за мегават час.

Премиерот, при тоа изрази благодарност до вработените во енергетските компании за зголеменото производство на електрична енергија во државата годинава за речиси 25 проценти во однос лани, што беше овозможено благодарение на фактот дека првпат по 70 години во функција се сите капацитети за производство на електрична енергија.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синдикатите и Владата блиску до решение за зголемување на платите во јавниот сектор

Редакција

Кои производи ќе поскапат од утре?

Редакција

Ваучери од 12.000 денари за летување во домашните хотели: Објавен јавниот повик за организаран одмор на работници со ниски приходи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница