еМагазин
Image default
Бизнис

Компаниите што ја злоупотребиле државната помош немаат право да аплицираат за антикризните мерки

Компаниите што ги злоупотребија државните пари што им беа дадени како финансиска поддршка од Владата, нема да можат да аплицираат за антикризните мерки, категорични се министерот за финансии Фатмир Бесими и премиерот Зоран Заев.

На денешната прес-конференција на која беше презентиран петтиот пакет економски мерки, Бесими и Заев испратија порака дека овие компании ќе одговараат согласно законите.

– Имаме сериозни и чесни компании кои инвестираат, вработуваат придонесуваат и ја ценат сопствената држава, но имаме и такви кои ги злоупотребуваат државните средства и за нив следуваат санкции. Покренати се сите законски постапки.

Во таа насока, државата секогаш ќе стои на страната на оние кои работат чесно согласно законот, вложуваат во нови инвестиции и развој, а силно ќе се бориме против злоупотреби и сивата економија, порача премиерот Заев.

Во одговор на новинарско прашање, и министерот за финансии Бесими истакна дека компаниите кои не ги исполниле обврските, нема да имаат право да аплицираат за мерките и оти согласно законите тие ќе одговараат за непостапување во користењето на народните пари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германска амбасада во Скопје: Не е точно дека од 1 јануари може да се работи во Германија без работна виза

Редакција

Директорот на Паркинзи на општина Центар вработува помошник за односи со јавноста за плата од 30.162 денари

Редакција

„Тепачка“ за наплата на побарувања од стечајот во „Бетон Штип“: Парите си ги бараат 577 доверители

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница