еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Комплексна реконструкција на подлактица направена на Клиниката за ортопедски болести

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ минатата недела е изведен комплициран оперативен зафат – реконструкција на горен екстермитет на 44-годишен маж кој бил повреден со огнено оружје.

Како што соопшти Клиниката, направена е трансплантација на подлактица со коскено ткиво од донор.

-Се работи за склопетарна повреда настаната како последица на истрел од огнено оружје во март 2023 година. Притоа е оштетена една од коските на подлактицата со голем дефект од осум сантиметри.

За премостување на дефектот, користена е фибула од починат донор и е фиксирана со плочки и шрафови, објаснува Александар Трајановски, директор на Клиниката за ТОРИЛУЦ и еден од хирурзите кој, заедно со Александар Савески, учествуваше во трансплантацијата.

Клиниката соопшти дека пациентот по операцијата се чувствува добро и го очекува период на рехабилитација и целосно враќање на функцијата на раката.

-Ова е трета транспланатција на коскено ткиво од починат донор годинава и 22-ра во последниве три години откако на Клиниката за ортопедија почна да се работи експлантација и трансплантација на коскени ткива од починат донор, се наведува во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фејсбук го „подбра“ Павле Богоевски: „Тие со маските немаше да влезат ако не им отвореше некој од внатре“

Редакција

ЈП „Стрежево“ Битола го демантира МВР за местењето на тендер за набавка на ратрак

Редакција

Најголеми жртви на пропаста на Еуростандард банка се над 160 вработени коишто ќе останат на улица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница