еМагазин
Image default
Бизнис

Комплетиран составот на Управниот одбор на „Сава пензиско друштво“

Според последните промени во органите на управување на „Сава пензиско друштво“ а.д. Скопје, Коста Ивановски, CFA е назначен за нов член на Управниот одбор.

„Тој е дел од „Сава пензиско друштво“ АД Скопје од ноември 2011 година, како управувач со портфолијата на пензиските фондови, а од декември 2016 година ја вршеше функцијата директор на Секторот за инвестиции. Севкупно тој има повеќе од 16 години професионално работно искуство на глобалниот и локален пазар на капитал.

Тој e овластен финансиски аналитичар (Chartered financial analyst) и член на CFA Institute од САД и магистер по европска економија и меѓународни финансии на факултетот „Тор Вергата“ во Рим, Италија. Неговото работно искуство опфаќа сегменти на старателски услуги со хартии од вредност, инвестициско банкарство и управување со пензиски фондови“, информираат од „Сава пензиско друштво“ а.д Скопје.

Управниот одбор на Сава пензиско друштво сега има вкупно три члена, каде покрај Коста Ивановски, CFA членуваат Петар Талески, FRM и Мира Шекутковска која воедно е и претседател на Управниот одбор.

„Сава пензиско друштво“ АД Скопје управува со Отворен задолжителен пензиски фонд „Сава пензиски фонд“ и Отворен доброволен пензиски фонд „Сава пензија плус“, кои се дел од капитално финансираното пензиско осигурување во Македонија.

Друштвото, неговите акционери и членовите на пензиските фондови очекуваат приклучувањето на млади, високо стручни лица, со експертски лиценци и знаења од областа на управувањето со средства и управувањето со ризици во новиот состав на Управниот одбор да придонесе за натамошен развој на професионалниот тим, што веќе 14 години се гради во Сава пензиско друштво а.д. Скопје“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Промени во Управниот одбор на Сава пензиско друштво

Мира Шекутковска именувана за претседателка на Управниот одбор на „Сава пензиско друштво“

„Сава пензиско друштво“ ја зголеми добивката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓаните можат доброволно повратот од „МојДДВ“ да го донираат во буџетот за справување со корона вирусот

Редакција

Бруто надворешниот долг на земјава достигна 8,3 милијарди евра

Редакција

Алкалоид регистрираше ново друштво во Велика Британија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница