Авалон продукција го најавува првиот проект од концертите што ќе ги организираат во август и во септември под веќе изготвените и одобрени протоколи за организација на концерти во земјава.
„Најголемата женска регионална ѕвезда во моментов, неверојатно квалитетната Амира Медуњанин, ќе одржи ексклузивен концерт во Македонија на 09-ти август и тоа на најубавата локација за оваа пригода, Античкиот театар во Охрид.
Капацитетот на Антички театар којшто е со 2.500 седишта ќе биде искористен за максимум 1.200 посетители, поради Ваша заштита и почитувањето на протоколите превземени, за заштита од Ковид 19,“ информираат од Авалон продукција.