еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Конечно: Од четврток авиолинија Скопје – Атина

На Скопскиот аеродром в четврток (1 ноември) во 18 часот ќе биде одбележано воспоставувањето на директните летовите помеѓу Скопје и Атина од страна на грчката авиокомпанија „Ејџиан Ерлајнс“ (Aegean Airlines), најави денеска ТАВ Македонија, концесионер на аеродромите во Скопје и во Охрид.

На настанот се најавени обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот за земски операции во Aegean Airlines, Панос Николаидис и на генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој.

На новата авиолинија, согласно зимскиот ред на летање, ќе се реализираат летови двапати неделно, секој четврток и вторник.

Скопје и Атина ќе ги поврзе авион на „Олимпик ер“, подружница на „Ејџијан ерлајнс“, а летовите ќе бидат со авион „кју400“ со капацитет од 78 патници.

Авионот секој вторник од Атина ќе тргнува во 9 часот по локално време, а во 9.45 од Скопје по македонско време.

Во четврток летот од грчкиот главен град е во 18.40 часот, а од македонската во 19.25 часот.

Од Скопје до Атина, и обратно, ќе се стигнува за 1 час и 15 минути.

„Ејџиан Ерлајнс“ ја најави линијата во октомври минатата година, а авионското поврзување помеѓу двата града се случува по повеќе од 10 години.

Претходно од 2003 година неколку години постоеше директно авионско поврзување меѓу Скопје и Атина, со редовна линија, пет пати седмично, кое што беше прекинато.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Димитров и неговиот грчки колега Дендиас: Имаме заедничка иднина и пат, ако гледаме добронамерно

Редакција

Амбасада на САД: Македонија и Албанија ги задоволија условите за почеток на преговорите, меѓувладини конференции со ЕУ што поскоро

Редакција

(Фото) Македонска убавина: На снежниот Пелистер „уловени“ рис, лисица, срна, дива свиња…

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница