еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Конечно забрана од МОН: Децата одеа на екскурзии во Пеленица каде што има депонија со токсичен линдан

Министерството за животна средина и просторно планирање испратило допис до Министерството за образование и наука да не се организираат екскурзии во Пеленица, Драчево, бидејќи има сомневање дека се наоѓа необележана депонија со канцерогениот линдан кој потекнува од фабриката ОХИС, пишува „Мета.мк“.

„Во Министерството за образование и наука, стигна допис од МЖСПП по кое ќе постапиме, односно ќе им наложиме на општините како основачи на училиштата, таму да не се одржуваат екскурзии“, велат од МОН за „Мета“.

Министерството за животна средина вети дека до крајот на годината ќе го огради просторот во Драчево за кој постојат сомневања дека се наоѓа дивата депонија со 8.000 тони токсичен линдан.

Линданот  на оваа локација потекнува од фабриката ОХИС и таму го фрлале работници пред да се направат големата и малата депонија на територијата на фабриката каде што се проценува дека има помеѓу 40-50.000 тони контаминирана почва со линдан.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дивата депонија со канцероген линдан во Драчево ќе се огради до крајот на годината, кога ќе се анализира почвата не се знае

Како линданот на Охис го труе цело Скопје и околината

Необележана депонија со 8.000 тони канцероген линдан од ОХИС ја труе околината на Драчево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Редакција

Сообраќајот по наместа влажни коловози, магла во Ресен и на Ѓавато

Редакција

Починат маж најден во каналот „Студенчишта“ во Охрид

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница