еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

„Корона пасош“: За граѓаните на ЕУ договорен заеднички документ за патувања

Министрите за туризам на ЕУ денеска се согласија на видео конференција да изготват заеднички патнички документ што ќе важи за сите земји-членки, јави ДПА.

Денешната сесија се фокусираше на состојбата на европскиот туризам, ефектите од пандемијата и мерките и условите за пристигнување на туристи, а хрватскиот министер за туризам, Гари Гапели, рече дека документот, кој некои го нарекоа корона-пасош, се однесува на здравствениот и безбедносниот дел од протоколот кога се патува.

Според ХТВ, Капели рече дека е договорено дека треба да постои заеднички план за управување со кризи, без оглед на индивидуалните ситуации во државите.

– Туризмот сочинува 10-11 отсто од БДП на ЕУ и вработува 12 отсто од вкупно вработените. Клучен е за зајакнување, односно спасување на националните економии, рече Капели, цитирајќи примери на други земји покрај Хрватска, како Италија, Шпанија или Грција.

Одговарајќи на новинарско прашање за можноста за воспоставување коридор за туристички сообраќај, тој се надева дека ќе се постигне договор до крајот на мај, ако не и во заедничка област, тогаш билатерално со заинтересираните земји.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За летување во Грција можно да ни е потребен „здравствен пасош“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во биографијата на Горан Милевски, старо-новиот министер за локална самоуправа

Редакција

(Видео) Компанија на Илон Маск вгради мозочен чип кај човек

Редакција

Антикорупциска бара широка јавна расправа за законските измени за Бехтел и Енка и да не се носат по скратена постапка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница