еМагазин
Свет

Корона вирусот го намалува животниот век и наталитетот во Белгија

Демографскиот институт на Белгија ги објави последните податоци за последиците од епидемијата на ковид-19 врз популацијата, од кои произлегува дека животниот век се намалува, а населението значително побавно ќе расте, пренесоа новинските агенции.

Зголемената смртност и намалените миграциски текови, што се должат на пандемијата, ќе тежат врз демографскиот биланс на Белгија оваа година.

Наместо планираното зголемување на населението од 50 илјади, тоа ќе порасне само за 17 илјади во 2020. Анализите покажуваат зголемување на смртноста за девет илјади лица, додека пак 87 илјади помалку мигранти ќе влезат во Белгија поради рестрикциите поврзани за пандемијата.

Ова исто така значи дека во просек животниот век во Белгија оваа година ќе се намали за пет месеци во споредба со ланската година, додека обично тој секоја година се зголемува за два и пол месеци.

Доколку епидемијата биде контрола, од другата година се очекува кривата на животниот век да се врати на предпандемскиот просек.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кина ја „искара„ СЗО по забелешки за тоа како се справува со пандемијата со Ковид-19

Редакција

Богатството на Трамп се „топи“ поради Ковид-19

Редакција

Германија ги смени правилата за тестирање на Ковид-19 при влез во државата: Што е предвидено за македонските државјани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница