еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Корона вирусот и „пресуди“ на нафтата: Историски најниски цени на црното злато

Намалената потрошувачка поради кризата со корона вирусот го измести нафтениот пазар во светот и предизвика историски најниска вредност на нафтата.

Американската лесна нафта вчера го продолжи својот пад и цената изнесуваше „минус“ 37,63 долари за барел. Неколку часа пред затворањето, цената беше еден цент за барел за испорака во мај.

За споредба, во 2011 година, таа нафта чинеше речиси 114 долари за барел.

Цената на суровата нафтата за испораки во мај вчера на берзата во Лондон падна пониско од еден долар, достигна еден цент и отидe во минус, откако снабдувачите започнаа да плаќат за испораки во мај, за да можат да ги ослободат терминалите.

Рокот на испораките за мај истекува денеска и според познавачите обесценувањето на мајските испораки е поради тоа што нема купувачи кои се подготвени да ги примат испораките кои започнуваат од 21 април.

Сепак, испораките за јуни не поевтинија толку. Западно-тексашката лесна нафта за јуни се продава за 22.67 долари за барел, додека „Брент“ чини 26.60 долари за барел.

Падот на цените на суровата нафта е поради растежот на количините на складирана суровина – капацитетот на терминалите е искористен максимално затоа што нема купувачи.

Земјите од ОПЕК+ на 12 април договорија намалување на вадење на нафтата за 9.7 милиони барели дневно во мај и јуни.

Договорените страни очекуваат намалувањето да се зголеми до 19 милиони барели дневно откако од 1 мај ќе се приклучат и САД, Канада и Норвешка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

Бензините на историско најниско ниво: „Еуросупер БС-95“ падна под 50 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Митко Јанчев за првпат зборува за приватниот живот: Како несудениот полицаец стана бизнисмен и градоначалник

Петре Димитров

Два дена ја нема 14-годишната Вања Ѓорчевска

Редакција

(Видео) Прекрасен ден на Клиниката за детски болести: Малиот Теофан го победи ракот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница