еМагазин
Image default
Македонија

Корона вирусот се врати во Дебар, тројца новозаразени

Епидемиолошката состојба, како на ниво на држава, така и во нашата општина, според официјалните бројки не е добра, бидејќи бројот на новозаразени постојано расте. Од вкупно новозаразените на ниво на држава во последното деноноќие, три лица се од Дебар, оцени денеска градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

– Поради непочитување на превентивните мерки од страна на граѓаните имаме повторно појава на заразени во нашата општина. Тоа се случи по еден подолг период, во кој нашата општина се сметаше за зелена зона. Засега состојбата е под контрола, но како што оди трендот и очекувањата во следните денови ќе имаме појава на споравични случаи со Ковид-19, рече Дука.

Додаде дека трите позитивни случаи се од земените осум брисеви во понеделникот, додека за седумте брисеви земени во вторникот се уште се чекаат резултати. Резултати се очекуваат и од вчерашниот скрининг на вработените во детската градинка, со кој беа опфатени 69-те вработени во оваа установа.

Дука апелираше до граѓаните доследно да ги почитуваат превентивните мерки.

Со последните три нови случаи, вкупната бројка на заразени во Дебар се зголеми на 56. Од нив, две лица се од Центар Жупа, кои беа и првозаразени. Од вкупната бројка, 47 се оздравени, четворица починати, а активни на болеста се пет лица.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млади лица на возраст од 20 до 40 години најбројни меѓу новите 18 случаи со Ковид-19 во тетовско

Во Куманово 15 новозаболени од корона вирусот, во Липково 9

Центар се изедначи со Аеродром по бројот на заболени со корона вирусот, Чаир останува на врвот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 193 случаи на Ковид-19 од 1.192 тестирања, бројката на активни случаи е 19.978

Редакција

Посети во ковид-центрите се забранети, во тетовскиот роднини на заболените им биле придружба

Редакција

Денешните пријави за бомби се лажни, утврди МВР

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница