еМагазин
Балкан

Корона вирусот се „врати“ во Словенија, се враќаат дел од рестрикциите

Словенечката Влада одлучи да врати дел од рестрикциите за граѓаните откако секојдневно почнаа да се регистрираат новозаразени со корона вирусот.

Портпаролот на Владата, Јелко Кацин, на редовната прес-конференција кажа дека од денес повторно е забрането собирањето во групи на повеќе од 50 лица, а целта е да се спречи ширењето на заразата.

Според Кацин, сепак, останува можност да се соберат до 500 луѓе доколку се работи за организиран настан, но тоа може да се прави само со специјална дозвола што ќе ја издава Националниот институт за јавно здравје.

Организаторите на настаните се должни да овозможат физичка оддалеченост меѓу луѓето препорачана од институтот. Дополнително мораат да обезбедат и редарска служба која ќе треба да осигури почитување на сите мерки.

Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека само за еден ден, седум лекари од болницата Адолф Дролца во Марибор се заразиле со коронавирусот.

Според директорот на Универзитетскиот Клинички центар во Марибор, Војко Флис, тројца од заразените доктори работеле и во клиничкиот центар. Според неговите првични информации вирусот овој пат бил увезен, најверојатно од Црна Гора. Тој ги повика сите оние кои изминативе денови биле во болницата, а развијат симптоми на Ковид-19 веднаш да се јават на лекар.

Дел од словенечките медиуми пишуваат дека лекарите се заразиле на семејна веселба, односно свадба.

Инаку, здравствените власти објавија дека денес во земјата се потврдени 15 нови случаи на коронавирусот. Поради потешка форма на болеста моментално хоспитализирани се осум пациенти.

МИА/Фото: Н1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири дена по ред, нема новозаболени од корона вирусот во Словенија

Словенија го укина задолжителниот 14-дневен карантин по влезот во земјата

Словенија е прва европска држава која прогласи крај на епидемијата со корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицотакис пак се закани: Ако не се задоволат грчките позиции, нема отворање ни затворање на поглавјата за членство на Скопје во ЕУ

Редакција

Граѓаните на Косово први на листата на заразени од Ковид-19 кои влегле во Германија

Редакција

Рама: Кандидатскиот статус во ЕУ e „еден вид антидепресивна таблета за зајакнување на моралот на земјите“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница