еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски без конкретен одговор за вработувањето на Бесмира Ејупи во МНР, опозицијата ја обвини за шовинизам кон жените

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата, не даде конкретен одговор за вработување на презентерката и несудена конзулка, Бесмира Ејупи во Министерството за надворешни работи, за што јавноста ја информираше ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Презентерката и несудена конзулка, Бесмира Ејупи се вработила во МНР

Тој посочи одговори на прашањето да се бараат од МНР.

„Прво беше дали била конзул, па се испостави дека не е, како што кажав. Меѓутоа, второ, таа била вработена во општина која што подолг период е водена од градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ. Така што треба да се провери дали е вистина за да видиме кои се мотивите за такви напади“, рече Ковачевски и ја обвини опозицијата за шовинизам кон жените.

„Јас гледам во континуитет и што не ми се допаѓа е една висока доза шовинизам од страна на опозицијата, особено насочена кон жените и тоа во континуитет се случува и тоа не е добро“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска бара истрага за договорите на водителката Ејупи со 4 општини и Државното правобранителство

Телма: И сестрата на „несудената конзулка“ Ејупи, земала хонорари од Државно правобранителство

Фокус: „Несудената конзулка“ наплатила скоро 12 илјади евра од 5 институции

Фото: Алсат М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како се пренесува и како да се заштите од новиот хепатитис којшто ги напаѓа децата

Редакција

Првата трансплантација на срце во Македонија успешна, огромен успех за македонското здравство

Редакција

„Да дојдам да ти замесам леб„: Урнебесни реакции на Твитер

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница