еМагазин
Image default
Македонија

Ковачевски денеска во Минхен за првпат ќе се сретне со Мицотакис

Премиерите на Северна Македонија и Грција, Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис попладне ќе имаат средба во Минхен на маргините на Конференцијата за безбедност, што впрочем ќе биде и прва нивна средба, јави дописничката на МИА од Атина.

Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека Мицотакис во текот на денешниот ден ќе оствари низа средби меѓу кои и со премиерите на Северна Македонија и на Албанија, со претседателката на Косово, со вицепремиерот на Израел, итн..

Владината делегација на Северна Македонија на 58-та Минхенска конференција за безбедност што ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, ја сочинуваат заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Од прес службата на Владата соопштија дека за време на тридневната работа на конференцијата ќе учествуваат на повеќе централни и придружни настани во рамките на конференциската агенда, како и на повеќе заеднички и одделни билатерални средби.

Ковачевски и Мицотакис, на 31 јануари имаа телефонскиот разговор, а според соопштенијата од нивните кабинети, двајцата премиери се согласиле дека односите меѓу двете земји се на одлично ниво и дека ќе продолжи да се гради и зајакнува партнерството, ја констатирале взаемната волја за зајакнување на билатерални односи и билатералната соработка, со акцент на економскиот и трговскиот сектор и се договориле да се сретнат на маргините на Делфи Форумот во Грција на почетокот на април.

Сепак, нивната прва билатерална средба, доаѓа речиси два месеца порано.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието денеска расправа за законско регулирање на носењето маски на отворено

Редакција

Приведени вкупно четири лица за случајот „Јавна соба“, акцијата на МВР продолжува

Редакција

За една недела 32 лица повторно се заразиле со Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница