еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски: Насилството и омразата не се, и не може да бидат решение на ниту еден проблем

Тоа што синоќа се случи пред Собранието не е вистинското лице на европска Република Северна Македонија, земја членка на НАТО. Протестите се демократско право на секој граѓанин, но насилството не може да се оправда со ништо, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.

-Најостро го осудувам нападот врз полицијата која синоќа беше на висина на својата задача, професионално штитејќи ги граѓаните и државните институции.

Насилството и омразата не се, и не може да бидат решение на ниту еден проблем. На потпалувачите на протестите ќе им порачам – не манипулирајте и не злоупотребувајте млади луѓе за да ги задоволите вашите политички апетити. Вашето сценарио синоќа резултираше со над 40 повредени полицајци и над десетина приведени.

27 април нема да се повтори!, вели Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Власта уфрла провокатори за да апси народ, обвинуваат од Левица

(Видео+фото) Протестите ескалираа: 47 повредени полицајци и 11 приведени демонстранти

Од безбедносни причини Пендаровски одложи интервју

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Почина Амди Бајрам

Редакција

Најголемиот акционер, Скопски пазар, купи акции на Македонијатурист

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница