еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски: Нè очекува економски неизвесна година, земјава е безбедна

Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање до јавноста уште еднаш изрази осуда за агресијата на Русија врз Украина и повика на прекин на војната.

Како членка на НАТО, тој рече дека Македонија е безбедна, но најголем предизвик е економијата.

„Поради војната, глобалната економска криза се продлабочува. Не очекува неизвесна година каде што економијата во Европа и светот ќе претрпи штети. Владата будно ги следи светски економски текови и ќе делува во најдобар интерес за заштита на домашната економија и на финансиската состојба на граѓаните.

До сега преку правилно поставената стратегија во оваа исклучително кризна година, како Влада инсистиравме сите ресурси да се насочат кон економска помош на граѓаните и стопанството.

Глобалните пазари се најпогодени од руско-украинската војна, а нашата изложеност кон овие две економии е мала. Нема присуство во финансискиот сектор, а странските инвестиции се под 1 посто од вкупните вредности

Очекуваното глобално влијание врз покачување на цените на основните прехранбени производи и енергенсите, што би значело продлабочување на веќе постоечката енергетска криза, е нешто за кое како Влада сме апсолутно подготвени и ќе одговориме соодветно.

Оваа криза е голем предизвик, но ќе ја поминеме со заеднички напори,“ уверува Ковачевски.

Тој ѝ порача на Владата и на институциите максимално одговорно да ги трошат средствата и максимално ефикасно да работат со цел амортизирање на негативни последици од кризата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВО ЖИВО) Обраќање на премиерот Ковачевски до јавноста

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Високиот претставник на ЕУ, Борел в понеделник во Скопје

Редакција

(ВИДЕО) Александар ја запроси Матеја на дното од Охридското езеро

Редакција

Снимката на која градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски им се заканува на вработени е од јануари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница