еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски очекува ист пристап и реципроцитет за бугарските граѓани со македонско самосознание

Ние како Влада стоиме зад слободните убедувања на сите граѓани, очекуваме ист пристап и реципроцитет за бугарските граѓани со македонско самосознание, вели премиерот Димитар Ковачевски во изјава за МИА на прашањето да го искоментира отворањето на клубот при културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

– Се работи за контроверзна историска личност, која во Република Северна Македонија е доживувана на различен начин од различни групи на граѓани.

Сепак, бидејќи се работи за граѓанска иницијатива, согласно Европската конвенција за човекови права, со која ние сме целосно усогласени, ваквите проекти не се предмет на државен надзор. Во Република Северна Македонија е овозможено сите граѓани слободно да ги практикуваат своите етнички, религиски и идеолошки убедувања, вели Ковачевски.

Тој пристап, додава премиерот, е нешто зад кое ние како Влада стоиме и ќе продолжиме да го практикуваме и понатаму, бидејќи, вели, тоа е нашиот белег и како држава и како општество.

– Воедно и Владата на Република Северна Македонија како и јавноста со нетрпение го очекува денот кога и кај нашите соседи ќе созрее времето кога и таму оние граѓани кои имаат, на пример, македонско самосознание, ќе можат на ист таков слободен начин да ги практикуваат своите уверувања, изјави премиерот Ковачевски за МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не е само внесувањето на Бугарите во уставот„, Јотова објасни се што бара Бугарија за да го тргне ветото

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европската Комисија отвори истрага по наводите за злоупотреба со фондовите Еразмус плус во Македонија

Редакција

Македонија тргната од германската листа на ризични-ковид држави

Редакција

(Фото) Убиениот Орхан Бајрами Оки престојувал во апартман во Ханиоти кој чини 600 евра на ден, заедно со уште четири лица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница