еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски: Парадата на гордоста е едно од значајните демократски случувања во Македонија

Секој има право на почит, достоинство, прифаќање без предрасуди и еднакви можности за самореализација. Парадата на гордоста е едно од значајните демократски случувања во Северна Македонија. Посакувам успешен и мирен „Скопје прајд“, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Како Влада посветено работиме за да овозможиме добробит на сите граѓани – донесовме Закон за спречување и заштита од дискриминација каде влегоа и сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Комисијата за заштита од дискриминација за прв пат има лица и од граѓанскиот сектор. Има уште предизвици, но заедно и посветено ќе ги решаваме и надминуваме, објави на својот Фејсбук профил Ковачевски.

Затоа, порача Ковачевски, грижата и напорите кои ги вложуваме да обезбедиме афирмација и отворен простор за активно учество на ЛГБТИК+ заедницата остануваат наши патокази во градењето демократско општество кое практикува европски вредности и во кое има место за сите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски по повод „Скопје прајд 2022“: Имаме заедничка одговорност да овозможиме уживање на основните права на секого без страв од отфрленост

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на струшката Општа болница за набавка на масло за горење вреден 110.000 евра

Редакција

Зетот на Зоки Фаци ги запалил станот и куќата на сестра му, избегната голема трагедија

Редакција

Сите членови на Управниот одбор на „Алкалоид“ се стекнаа со акции од компанијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница