еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски во работна посета на САД: Со кој се ќе се сретне

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, е во неколкудневна работна посета на Соединетите Американски Држави (САД).

Во рамки на посетата, Ковачевски, како што информира неговиот Кабинет, ќе оствари значајни средби во Њујорк со високи претставници на Стејт Департментот, на Светскиот економски форум и на Светска банка, со претставници на мултинационални компании и македонската бизнис заедница во САД, како и со претставници од Европската Унија.

Меѓу предвидените средби се и состаноци со управниот директор на Светскиот економски форум, Мирек Душек, со управната директорка на Светска банка, Ана Бјерде, како и со заменикот помошник државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар и со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Фокусот на разговорите е економскиот развој на Македонија, атлантското партнерство, европските перспективи и важноста на стратешкото партнерство помеѓу Македонија и САД во сите овие процеси од значење за квалитетот на живот на македонските граѓани, информираат од таму.

Во рамките на работната посета на САД, Ковачевски ќе присуствува и на прием по повод одбележување на 50-годишнината од членството на Германија во Обединетите нации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државна делегација предводена од Пендаровски од денеска до 22. септември ќе учествува на за 78. сесија на Генералното собрание на ОН

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи во предвидениот рок, велат од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Редакција

„Балканики аноними етериа петрелеу“ купи уште 14.572 акции на ОКТА

Редакција

(Фото) Македонската балерина Гаштарска која учи во Бољшој, бренд-амбасадор на светски познатиот „Гришко“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница