еМагазин
Image default
Бизнис

Ковид-19 не ја спречува градежната офанзива: Издадени одобренија за 747 станови

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2020 се издадени 284 одобренија за градење, што е на исто ниво во споредба со јули 2019 година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 милијарди денари, што е за 6.7 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 166 (58.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 33 (11.6.%) за објекти од нискоградба и 85 (29.9 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 284 објекти, на 164 (57.8 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 120 (42.2 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 747 станови со вкупна корисна површина од 59.303 квадрати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фондот за здравствено осигурување вработува 13 службеници

Редакција

Билал Суџубаши реименуван за главен извршен директор и претседател на УО на Халк Банка

Редакција

„Макпромет“ за шест месеци оствари добивка од 1,3 милиони денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница