еМагазин
Свет

Ковид-19 не заминува: СЗО предвидува дека до крајот на месецов ќе има 100 милиони заразени

Бројот на лица заразени со Ковид-19 ќе достигне 100 милиони до крајот на јануари, но вакцините имаат потенцијал да ја контролираат пандемијата, изјави шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус.

Повеќе од два милиони луѓе починаа од Ковид-19 ширум светот.

Тој смета дека развојот и одобрувањето на безбедни и ефикасни вакцини помалку од една година по појавата на новиот вирус е зачудувачко научно достигнување и извор на надеж.

„Вакцинацијата против Ковид-19 во моментов е во тек во повеќе од 50 земји, но скоро сите се земји со високи или средни приходи. Треба да работиме заедно како едно глобално семејство за да обезбедиме итно и правично испорачување на вакцините,“ додаде тој.

Шефот на СЗО исто така истакна дека вакцините надополнуваат, но не ги заменуваат основните мерки за јавно здравје.

Според последните податоци на СЗО, заклучно со вчера во светот имало 95.612.831 потврден случај на Ковид-19 и 2.066.176 смртни случаи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Зеленски и Трамп се сретнаа во Рим, за украинскиот претседател средбата има потенцијал за историска

Редакција

Повеќе од милион починати од Ковид-19 во светот

Редакција

Денеска во Истанбул нова рунда преговори Украина-Русија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница