еМагазин
Свет

Ковид-19: САД одобрија тест на плунка, испробан во НБА

Американската Управа за храна и лекови (ФДА) го одобри на Медицинскиот факултет тестот на плунка за медицинската помош во итни случаи за откривање на Ковид-19, кој беше тестиран на играчи и персонал на Националната кошаркарска асоцијација  (НБА).

SalivaDirect, петтиот тест на плунка за Ковид-19 одобрен од ФДА, не бара брис или уред за собирање и користи плунка на лица за кои постои сомнение дека имаат коронавирус.

Комесарот на ФДА, Стивен Хан, тестот го нарече „револуционерен“ поради неговата ефикасност.

SalivaDirect се смета за евтина, поедноставна и помалку инвазивна метода за тестирање за која не е потребна екстракција на нуклеинска киселина и може да се користат неколку лесно достапни реагенси.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фотографија која го обиколи светот: 640 Авганистанции избегаа од Кабул во преполн американски воен авион

Редакција

Еврокомесарот Вархеи во самоизолација, член на тимот бил позитивен на Ковид-19

Редакција

(ВИДЕО) Mitsubishi вработи рапер, кој на уникатен начин го презентира новиот Eclipse Cross

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница