еМагазин
Image default
Бизнис

Кристијан Стаменов нов в.д. директор на ЈУ “Зоолошка градина“ – Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го назначи Кристијан Стаменов за нов вршител на должноста директор на ЈУ „Зоолошка градина“ на Град Скопје, откако претходниот директор Ѓорги Галетановски си поднесе оставка од оваа функција.

– Покрај Стаменов, Тина Мицковска од денеска е прв соработник и заменичка на новиот директор на ЗОО. Мицковска претходно беше задолжена за односи со јавноста на Зоолошката градина, информира Град Скопје.

Стаменов е вработен во Зоолошката градина во Скопје од 2011 година, на работна позиција самостоен ЗОО негувател. Тој е дипломиран економист во областа на маркетинг менаџмент.

– Главни проекти на кои ќе се насочи новото раководство на Зоолошката градина во Скопје се ревитализирање на сите надворешни живеалишта, изведба на центар за хипорехабилитација на местото на градскиот пајтон, ставање во функција на мултинаменскиот центар со цел едукација на деца од претшколска и школска возраст како и изградба на детски парк.

Зоолошката градина во Скопје во соработка со Град Скопје ќе работи и на поставување на обновливи извори на енергија на сите објекти во зоолошката градина, информираат од Град Скопје.

Ѓорѓи Галетановски вчера преку Фејсбук статус информираше дека си поднесува оставка од функцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на Зоолошка градина Скопје, Галетановски поднесе оставка

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Липково склучи договор со Мурана компани вреден 434,1 илјади евра

Редакција

„Контакт бизнис“ го доби тендерот за привремени вработувања во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вреден 253.000 евра

Редакција

Детален преглед: Акции со најголем пораст и пад на вредноста на Македонската берза во октомври

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница