еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Критично ниско нивото на Охридското Езеро, се бараат интервентни мерки

Oпштина Охрид бара од надлежното Министерство за транспорт и врски да преземе итни мерки за спречување на натамошно намалување на водостојот на нивото на Охридското Езеро. Негативните последици од нискиот водостој особено е изразен во Студенчишкиот канал каде се забележува недостаток на кислород што се забележува во однесувањето на рибата.

Во дописот до Министерството се истакнува дека намалениот водостој на езерото се заканува да прерасне во посериозен проблем што се заканува да предизвика сериозни последици по рибниот фонд.

Во неколку наврати и еколошките активисти побараа да се стопира испуштањето вода од езерото. Експертите истовремено посочуваат дека рибата поради нискиот водостој излегува на површина и наскоро може да се случи масовно да угинува поради недостаток на кислород.

Во насока на превенирање на посериозни последици, Општината веќе спроведе активности, преку исклучување пумпите за вода од каптажата „Билјанини Извори“ наменети за потребите на ЈП „Водовод“ и пренасочување на водата во Студенчишкиот канал.

Проблемот со водостојот на езерото дополнително го усложнуваат неповолните временски околности, односно сушниот период без најави за врнежи.

Недоволното количество свежа вода во Студенчишкиот канал односно ниската концентрација на кислород се манифестира со вознемиреност кај рибата и нејзинот невообичаено однесување, а истото може да води до асфикација односно задушување.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пустинската олуја“ ги крена параметрите на загаден воздух во Скопје до плафон

Редакција

Општина Кавадарци ќе го користи изумот на професорот Ангелков, „паметни канти“

Редакција

(Фото) Еко-акција на Рудник САСА за Светскиот ден на животната средина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница