еМагазин
Image default
Македонија

Кривичен суд: Се уште не е донесено решение за оценка на обвинителните акти за „Талир“

Советот за оценка на обвинението поднесено од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за предметот „Талир“ одржа јавна седница  во присуство на странките, но до овој момент се уште не е донесено решение за оценка на обвинителните акти, се наведува во соопштението од скопскиот Кривичен суд.

-Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со обвинителните акти поднесени од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за предметот од обвинителството означен како „Талир“, ја информираме јавноста дека Советот за оценка на обвинителен акт одржа јавна седница  во присуство на странките, но до овој момент се уште не е донесено решение за оценка на обвинителните акти, наведуваат од Кривичен..

Со оглед дека за овој предмет против еден обвинет, врз основа на признани на вина, веќе е донесена пресуда, од Судот посочуваат дека не треба да се извлекува заклучок дека се оценети и обвинителните акти.

-Како и за сите други предмети кои се во интерес на јавноста, Основниот суд Скопје 1 навремено ќе ги извести странките и јавноста за решението на Советот на оценка на обвинителен акт за конкретниот предмет, кога истото ќе биде изготвено, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истрага „Дизајн“ на СЈО: Јанакиески ја фаворизирал кинеската „Јутонг“ за набавката на двокатните автобуси

Редакција

Зоран Милески ќе оди во затвор, потврди Апелација

Редакција

(Фото) Катица преку ден на работа кај синот, навечер е во затвор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница