еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за 26-годишник за фрлање „молотови коктели“ кон полицијата пред Собранието

Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Ф.(26) од Скопје, осоомничен за сторени две кривични дела – „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ и „предизвикување општа опасност“.

-На 5 јули 2022 околу 21 часот, за време одржување на ненајавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, А.Ф. заедно со веќе приведениот Ј.С., кој со кривичната пријава издржува и мерка притвор, започнал да подготвува „молотови коктели“ и да фрла со нив кон полициските службеници и кон објектот на Собранието.

По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници од Единицата за интервентна полиција, во координација со АНБ, А.Ф. е лишен од слобода, обезбедени се сите докази против него и во координација со ОЈО Скопје тој е изнесен пред Јавен обвинител за понатамошна постапка, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

154 лица од заболените со коронавирусот во Македонија со хронична и здравствени состојби

Редакција

Кривична за полицаец од Битола за семејно насилство

Редакција

(Видео+фото) Лавров слета во Скопје, Блинкен одлета

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница