еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава против 40-годишниот С.Ј. кој со „мерцедес“ усмрти полицаец

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 40- годишниот С.Ј. од село Пелинце кој со „мерцедес“ удри во полициски службеници, при што еден полицаец почина, еден се здоби со повреди, а потоа удри во друг автомобил, по што беа повредени три лица.

Кумановската полиција ја поднесе пријавата до ОЈО Куманово, поради сомнение дека С.Ј, сторил кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

Како што се наведува во соопштението на СВР Куманово, тој на 21 април, годинава на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на крстосницата со населбата „Ајдучка Чешма“ со „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки удрил во 37-годишниот полициски службеник В.Ц кој почина на местото и во 25-годишниот кандидат за полициски службеник кој со тешки телесни повреди беше пренесен во клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје.

С.Ј., избега од местото на настанот, по што на регионалниот пат удрил во „шкода“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 34-годишниот Н.П. Возачот, и сопатникот 42-годишниот Д.Ј се здобиле со тешки телесни повреди, А.Ј (52) со телесни повреди. Д.Ј била пренсена во „Мајка Тереза„, додека останатите во кумановската болница. С.Ј. бил пренесен во кумановската болница.

Од страна на судија на претходна постапка, нему му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Куманово: „Мерцедес“ удри и усмрти полицаец на службена должност и повреди неколкумина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмичанец тврди дека менувачница му задржала 65.000 франци

Редакција

40-годишен маж од Свети Николе ги силувал двете малолетни ќерки на невенчаната сопруга

Редакција

Вработен на патарина физички бил нападнат од лице кое не сакало да плати

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница