еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за полициска службеничка на ГП Богородица за примање поткуп

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања поднесе кривична пријава против С.А., полициска службеничка во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“.

Како што информираат денеска од МВР, пријавената околу пладне на 21 декември побарала и примила поткуп (пари) за да не изврши службено дејствие кое била должна да го изврши, односно да не ги евидентира оштетените (грчка државјанка и нејзиниот сопатник) во системот на контрола на патници и возила дека оствариле излез од Македонија кон Грција.

Против С.А. е поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и отстранување од работното место.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корона кризата не го запре задолжувањето: Граѓаните од банките зеле кредити од 2,7 милијарди евра

Редакција

Општина Струмица склучи договор со “Универзал градба“ вреден 499 илјади евра

Редакција

(Видео) Бајден Зеленски го нарече Путин, а заменичката Харис, Трамп

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница