еМагазин
Image default
Македонија

Кривична пријава против прилепчанец за предизвикување пожар во селото Дабница

СВР Битола – ОВР Прилеп до прилепското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лице од Прилеп поради постоење на основано сомневање дека предизвикал пожар во прилепското село Дабница, соопшти попладнево МВР.

– СВР Битола – ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп вчера поднесе кривична пријава против Е.М.(34) од Прилеп, поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

Имено, на 06.08.2021 околу 06:15 часот во м.в. Дабница, прилепско, во близина на споменикот, тој бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека предизвикал пожар на местото Дабница, се наведува во соопштението од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев од приватни причини зеде слободни денови

Редакција

Меѓу нив и Тимчо Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ објави осум нови кандидати за градоначалници

Редакција

Функционер на ДУИ: Владата се гласа или паѓа со двата прста на Изет Меџити

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница