еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава против вработен во Катастарот за несовесно работење

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Т.А (49) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата”, информира МВР.

„Пријавениот, во текот на 2014 година, во својство на службено лице, вработен во Агенција за катастар на недвижности (АКН), постапувајќи по предмет оформен врз основа на пријава поднесена од страна на физичко лице М.Ц.од Скопје, која побаралa од АКН да се изврши усогласување на површината на имот во нејзина сопственост за КО Оризари, постапил несовесно при извршување на својата службена должност.

Имено, иако требало,тој не ја земал предвид потребната скица,како дел од службена документација за парцелата – предмет на усогласување, со што извршил погрешна идентификација,односно погрешно утврдување на мерите и границите на парцелата , која била предмет на пријавата за усогласување на површина, при што изготвил службен наод со невистинити податоци.

На тој начин Т.А. овозможил на лицето,подносител на пријавата,без правен основ да се стекне со имотна корист- земјиште,со површина од 393м2 (вредност од 1.965.000 ден.) и истовремено од друга страна,за истиот износ му нанел значителна материјална штета на лицето М.Б. од Скопје, со што го сторил кривичното дело „несовесно работење во службата“,предвидено и казниво по чл.353-в од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко се повредил додека поправал камион

Редакција

Трагедија во Куманово: „Мерцедес“ удри и усмрти полицаец на службена должност и повреди неколкумина

Редакција

Две лица на возраст од 21 и 37 години загинаа во сообраќајна несреќа во светиниколско

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница