еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за бесправно градење во Бутел на парцела од 11.042 квадрати

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.М(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење ” предвидено и казниво по член 244-а од Кривичниот законик, информира МВР.

„Имено, пријавениот во текот на септември 2020 година, како физичко лице во својство на инвеститор, започнал градежни активности на катастарска парцела во КО Чаир, о.Бутел, на парцела со вкупна површина од 11.042м2, на која е сосопственик е пријавениот со уште неколку други физички лица и Република Северна Македонија, при што градежните работи кои што се состојат од поставување на ограда, пополнување со земја на поголем дел од парцелата и поставување на монтажен објект, пријавениот ги извршил без да обезбеди Одобрение за градење од надлежниот орган, со што пријавениот го сторил кривичното дело ,,бесправно градење” предвидено и казниво по чл.244-а од КЗ на РСМ“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

При претрес му пронашле 5,5 килограми марихуана и пиштол

Редакција

Двајца затворски работници од Струмица помогнале да побегне затвореник

Редакција

48-годишен маж од Струга пронајден починат во мотел во Ѓорче Петров

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница