еМагазин
Image default
Македонија

Кривична пријава за битолчанец за закани кон пратеници преку Фејсбук

СВР Битола во координација со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против А.С. (30) од Битола поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Македонија, информира МВР.

По консултации со Основното јавно обвинителство Битола А.С. бил повикан на службен разговор во полициска станица, каде појаснил дека објавите ги направил преку својот мобилен телефон.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected]“, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Втора кривична пријава за закани кон пратениците преку Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои компании донираа пари за изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова“?

Редакција

Во болниците низ Македонија хоспитализирани 576 пациенти со Ковид-19, има 183 слободни кревети

Редакција

Стојанче Ангелов: Скандирањето „УЧК” ја разгорува меѓуетничката омраза и не оди во прилог на помирувањето 

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница