еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за директорка на Здравствен дом во Битола која вработувала кого сака

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.С.(56) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, информира МВР.

Пријавената, во својство на вршител на должност директор на Здравствен дом д-р „Хаим Абраванел“ во Битола, врз основа на објавен оглас за прием на медицински персонал-медицински сестри, лаборант, фармацевт и психолог на неопределено време, без присуство на Комисија за селекција, спровела интервју со 62 рангирани кандидати кои ги исполнувале условите од огласот.

Еден ден пред објавувањето на резултатите од конкурсот, до правната служба на домот, доставила список со девет кандидати кои требало да бидат примени, при што само тројца од нив припаѓале на прворангираните девет кандидати, додека останатите шест кандидати биле примени без јасен критериум и спротивно на условите вреднувани од комисијата при составување на ранг листата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чудесна Македонија: Скопјанец сам ја ограбил фирмата за која работи, па пријавил разбојништво-приведени две лица

Редакција

Од утре автобусите 100 и 200 ќе сообраќаат до Саемот на книга во СЦ „Борис Трајковски“

Редакција

Кумановец тепал полицаец додека бил на службена должност

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница